Не сум потрошил ни денар за службени ручеци, ниту сум барал поголема плата – Орце Ѓорѓиевски

Досега лично јас имам потрошено нула денари од општината за лични потреби. Ниту имам намера да трошам средства за репрезентативни цели, не користам службени возила, а со тоа ниту имам потреба од службено гориво, тврди градоначалникот на Општината Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во врска со пишувањата во некои медиуми дека барал поголема плата.

„Денеска излезе текст на еден портал дека наводно сум барал да ми се зголеми платата. Ова е невистина и обид да ми се наштети лично мене! Навистина не разбирам како може да се пласира текст полн со невистини и притоа да не ме прашаат за коментар. Можеби тоа не го сториле затоа што знаат дека пласираат класична лага“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој вели дека не потрошил ниту денар за службени ручеци, пари од граѓаните, како што беше тоа случај во минатото со други градоначалници.

Advertisements
„И сега поставувам прашање на кого му пречам и мојата работа. На кого му пречи градоначалник што само за една година има остварено 70% од предизборната програма“, пишува Ѓоршиевски и вели дека е крајно разочаран и огорчен што некој се обидува да пласира невистини поврзани лично со него и со работата на општината.