Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавуваат стабилно и ралативно топло време. Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се движи од 0°C до 5°C, а максималната од 7°C до 12°C.
Според УХМР, во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, наместа и над 70 километри на час, а дневната температура значително ќе се намали.
Advertisements
Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Бугарија има рок до 16 декември да одговори зошто не ги спроведува пресудите за македонски...
До 31 октомври 73 производи ќе се продаваат поевтино, еве што ќе содржи есенската кошничка
Штарк повлекува бисквити од пазарот во Србија, овие производи ги има и во Македонија
Со скалпел им се заканил на вработените и ограбил две обложувалници во Скопје
И во Македонија се повлекуваат од пазарот колачиња на Штарк