Ненадејно почина поранешната НБА ѕвезда – причината за смртта непозната, Америка шокирана

Фелтон Спенсер, поранешен НБА играч, ненадејно почина на 55-годишна возраст.

Причината за смртта се уште не е позната.

Advertisements

Овој кошаркар своето име го изгради во Минесота, а во текот на 12 НБА сезони настапуваше за Голден Стејт, Њујорк, Орландо и Сан Антонио.

Спенсер беше драфтуван во 1990 година како шести пик на НБА драфтот, а беше избран од Минесота. Играше до 2002 година на позицијата центар и во кариерата ги носеше броевите 16 и 50 на дресот.

Во првата сезона тој имаше просек од 7,1 поен и 7,9 скока по натпревар, шутирајќи 51,2 отсто од поле.

Во кариерата постигна 3.354 поени, 3.436 скока и забележа 534 блокади.