Работници кои од Босна и Херцеговина заминале на работа во Германија преку словенечка фирма биле непријатно изненадени од пораките кои ги нашле низ целиот стан во кој биле сместени.
Имено, газдарицата оставила инструкции за цивилизирано однесување кои одат до толку во крајности што на хартиите пишува како да се користат крпите, туш кабината, тоалетот, микробрановата…
„Дури 90 отсто од Швабите мислат дека ние од Балканот сме некултурни дивјаци, а ние сме покултурни – можеби и почисти од нив“, вели еден од работниците на порталот GPMaljevac, а објавиле и видео од инструкциите што ги добиле.
„Таа мора да напише на вратата што треба да правам. Не знам да користам крпи, не знам да одам во тоалет до 40 години, да не фрлам храна, бидејќи не видов тоалет додека не дојдов во Германија…“, некои беа навредени, но една жена го остави својот коментар од друг агол.
„За жал, за огромното мнозинство луѓе пораките треба да се оставаат во нивните домови, и во сместувањето на работниците, што воопшто не се цени. Ова го велам затоа што јас чистев сместувања за работници, на работникот му даваш се што можеш, а тие не знаат ни кај да мочаат, да исчистат тоалет после нужда, подот им служи за се, за истурање храна, пијалоци, гаснење цигари иако во просториите не беше дозволено бидејќи имаше и голем балкон, не сме сите исти, но повеќето за жал се многу неуредни. Така што, од една страна, ова е за жалење, а од друга страна е неопходно“.