Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, јави ТВ Телма.
Како што информира телевизијата најверојатно претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и млечните производи, туку ќе се замрзне цената по која јајцата во моментов се продаваат.
„Производителите кои ги контактираше Телма велат дека за нив е прифатливо да се ограничи сегашната сума и пред Велигден да не може да има поскапувања, а секој кој смета дека може нека ја намали и дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот е незивесно. Надлежните се уште ги разгледуваат анализите. И граѓаните сметаат дека намалување треба да има и кај другите продукти“, објави Телма.