Ескобар: Северна Македонија е доверлив партнер што им помага на САД и ЕУ да постигнат регионална стабилност

Без нашите пријатели и сојузници ова немаше да се случи. Ова е уште еден доказ дека Северна Македонија е доверлив партнер што им помага на САД и ЕУ да постигнат регионална стабилност, изјави вечерва во Охрид, американскиот преставник за Западен Балкан, Габриал Ескобар по завршување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, заблагодарувајќи му се премиерот Димитар Ковачевски и на Владата за организацијата на средбата.

Тој ги поздрави и Белград и Приштина за, како што рече, постигнатиот тежок, но неопходен договор за воспоставување на мирољубиви и предвидливи односи меѓу двете страни.

„Тоа не само што ги отвора вратите за евроатланска интеграција на двете земји, туку ја отвора и вратата на регионот за нова ера на мир“, рече Ескобар.

Advertisements

Американскиот дипломат им се заблагодари и на претставниците на ЕУ за, како што рече, нивната напорна работа за постигнување на овој визионерски момент.

„Можам да ви кажам дека САД ќе се заложат да помогнат во спроведување (на договореното) и тоа спроведување да биде во интерес на двете земји и на регионот. Ќе сториме се што е во наша моќ за да ја поддржиме имплементацијата, и на политички, и на економски и на секој друг начин, за да направиме мирот на Балканот да биде реалност“, потенцира Ескобар.