Нема ЕУ, нема Северна – Или ќе го повлечете францускиот предлог или ќе ја суспенираме додавката

Извршниот Тим на Македонски Концепт (МК) со исклучителна загриженост гледа на последните изјави на шефот на европската дипломатија, господин Жосеп Борел, кои се директен катализатор на зголемениот ЕУ песимизам во Македонија, и дел од низата погрешните пораки и политики на ЕУ во процесот на отварање на преговорите за пристапување на земјава во Унијата, се вели во партиското соопштение.

„Бараме ЕУ да не го повлекува „својот потпис“ од Преспанскиот договор, под притисок на Бугарија. Инсистирањето на т.н. „француски предлог“ е де факто и де јуре таков чекор на Унијата. Евентуално одлагање на почеток на преговори со Македонија, е дирекно суспендирање на Преспанскиот договор и тоа значи одлагање на неговата имплементација, што всушност е и главна цел на бугарската дипломатија.

Не ги рушете веќе изградените мостови за соработка помеѓу балканските држави, особено тие помеѓу Македонија и Грција. Доколку не започнеме преговори со ЕУ, согласно одредбите на самиот Преспански договор, ние ќе бидеме приморани да ја отфрлиме употребата на „северна“ за внатрешна употреба во земјава“, вели Македонски концепт.

Advertisements

Според партијата чиј лидер е Петар Богојески ,изборот е едноставен, или ЕУ ќе го повлече „францускиот предлог“ исто како што во минатото ја повлече Лисабонската декларација или Македонија ќе ја супендира употребата на „северна“.

„На тоа сме обврзани, а ние сме сериозна држава која го почитува и спроведува Преспанскиот договор, буквално онака како што е договорено. Повикуваме и ЕУ да покаже соодветна сериозност и одговорност кон обврските кои си ги има преземено како гарант на Преспанскиот договор“, вели Македонски концепт.