(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Масовна тепачка со секири и мотики на паркинг – еден загинат и 18 повредени во бугарскиот град Казанлак

Шест лица се повредени во масовната тепачка во Казанлак, Бугарија. Една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба. Еден од ранетите починал, јави агенцијата БГНЕС доцна попладнето.

Инцидентот се случил попладнево на паркинг на пазарот во градот. Група мажи од ромска националност се степале со секири и со мотики поради стара семејна расправија.

„Вкупно 18 лица се повредени во денешната масовна тепачка на пазарот во бугарскиот град Казанлак, соопшти на краток брифинг директорот на ОДМВР – Стара Загора“, Лазар Христов.

Advertisements