Поставил скриена камера и открил страшно насилство врз тригодишната ќерка

Полицијата во градот Панчево, Србија дознала за страшно насилство врз девојче извршувано од мајката Ј.М.(32) кога нејзиниот сопруг доставил видео од скриена камера што ја поставил во куќата, а која ги потврдила сомнежите дека нешто страшно се случува во нивниот дом во отсуство на таткото.

Тој ја пријавил сопругата за насилство, а на полицијата и доставил снимка од скриена камера во куќата на Ј.М., која докажува дека таа ја малтретирала својата тригодишна ќерка.

Мајката Ј.М. е осомничена дека во периодот од декември 2022 до 21 март годинава во семејниот стан во Панчево ја малтретирала својата тригодишна ќерка со навредливи зборови и ги врзувала рацете во детската хранилка, ја бркала надвор на тераса…

Advertisements

По наредба на дежурниот заменик на ОЈТ Панчево, одреден е притвор за Ј.М. во времетраење од 48 часа и ќе биде задржана на распит како осомничена со кривична пријава