Легендарниот југословенски пејач води битка со рак на коските – „Се молам на Бога да престанат овие страшни болки“

Јасмин Ставрос, хрватскиот пејач кој беше голема ѕвезда во Југославија, на 68-годишна возраст дознал дека има рак на коските.

„За жал, најлошото е потврдено. Им верувам на лекарите, знам дека го прават само најдоброто за мене и се молам на Бога да престанат овие страшни болки. Не знам ни колку лекови против болки пијам, некои помагаат, некои не, а имам впечаток дека болката е постојано присутна. Не можам да спијам бидејќи ме боли грбот, а со болката сум свесен и дека започна најтешката и најголемата борба во мојот живот“, изјави пејачот за хрватскиот портал „24часа“.

Пред неколку недели му пукнал чир на желудникот, па беше хоспитализиран во Карловац. Откако му била санирана раната, тој бил пуштен дома, но болките продолжиле, па бил префрлен во болница во Загреб каде му бил дијагностициран рак на коските.

Advertisements

„Уморен сум, ме болат рацете, нозете, рамената“, изјави во саботата Ставрос, кој за дијагнозата дозна во понеделникот.

Да потсетиме, Јасмин Ставрос испеа многу поп хитови: „Да ми е што Америка“, „Само мајка знае“, „Жено“, „Маро Мариче“, „Немој да се мажиш“…