(ФОТО) Силните ветришта превртеа огромен брод во Шкотска – повредени се 25 лица

Неколку луѓе се повредени откако голем брод се преврте во сув док на пристаништето во Единбург, Шкотска. Во тек е голема спасувачка операција. На Империал Док во Леит има полиција, противпожарна и брза помош.

Шкотската служба за брза помош испрати пет возила на брза помош, три тима за траума и други ресурси на местото на настанот. По повикот во 8:35 часот на местото на настанот излегле пожарникари и полиција.

Повредени се 25 лица. 15 од нив се пренесени во болница, а на 10 лица им била укажана лекарска помош на местото на настанот, пишува Sky News.

Advertisements

Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Петрел, истражувачки брод, наведнат под агол од 45 степени. Петрел беше купен и опремен од починатиот ко-основач на Мајкрософт Пол Ален.

Советникот нво Леит, Адам Меквеј изјави дека бродот се превртел поради силните ветрови.

„Службите за итни случаи реагираат на големиот инцидент во Леит Докс – брод е изнесен од складиштето од силни ветришта. Страшно за оние што се на бродот, моите мисли се со повредените и се надевам дека сите ќе закрепнат брзо. Ве молиме избегнувајте ја областа “, напиша тој на Твитер.

Крајбрежната стража испрати екипи на местото на настанот. Компанијата која управува со сувата сувиот док, Dales Marine Services, допрва треба да коментира.