Актерот Горден Кеј, кој се прослави со улогата на Рене во култната серија „Ало, ало!“, почина во 2017 година на 76-годишна возраст, во дом за стари каде ги помина последните години.
Она што малкумина го знаат е дека актерот боледувал од тешка форма на деменција и дека во последните денови не препознавал никого од семејството и пријателите.
„Не се препознаваше ниту себе, стоеше и зборуваше, но веќе не ве познаваше. Зборуваше многу, но немаше никаква смисла. Тој беше во својот мал свет“, рекол Рејмонт Шателворт, сопруг на Горденовата роднина Шајле.
„Не сум премногу тажен бидејќи неговата смрт дојде како благослов. Немаше шанси да се подобри“, рече Шателворт по неговата смрт.
За него наводно се грижела неговата колешка од серијата „Ало, ало!“, актерката Сју Хоџ, која ја играше келнерката Мими со која Рене имаше афера.
„Тој немаше браќа или сестри, само роднини. Никогаш не се ожени и остана осаменик до крајот. Беше многу осамен. Сето тоа е многу тажно“, рече Шателворт.
Неговата актерска кариера ја реши несреќа во 1990 година, кога се здоби со тешки повреди на главата и заврши со губење на меморијата. Неговиот соработник Џереми Лојд, кој работел и на неговите мемоари, изјавил дека тие му помогнале да заздрави со тоа што му пуштале епизоди од серијата „Ало, ало!“.
Во својата автобиографија во 1989 година, тој откри дека е геј, напиша дека му било тешко како „буцкасто, срамежливо, геј момче“ во младоста.