На 22 февруари во болницата во Зајечар, соседна Србија, било примено двегодишно девојче со повреди, но и по неколку обиди за реанимација, лекарите не успеале да го спасат.
Полицијата потоа ги уапсила мајката и очувот. Мајката е пуштена на слобода, а за убиството е осомничен очувот.
Сега стигнале резултатите од обдукцијата, а истрагата утврдила дека очувот бил пијан кога брутално го претепал двегодишното девојче. Српските медиуми јавуваат дека детето починало во најтешка агонија.
На Јавното обвинителство во Зајечар му е доставен извештај од обдукцијата во кој е наведено: „Смртта на детето настапила насилно и директно како последица на престанок на дишење и срцева активност, која била предизвикана од повреди на главата и отекување на мозокот. Кај детето се констатирани и други повреди“, а сето тоа заедно претставува тешка физичка повреда опасна по живот“, се наведува во извештајот од обдукцијата.
Во судскиот извештај се наведува дека очувот на детето бил во алкохолизирана состојба и дека во крвта имал 1,63 промили алкохол, пренесува Телеграф.