Приказната што следи е крајно необична. Имено, животно се вгнездило во зелка која жена во Полска ја купила во популарен ланец на маркети. Станува збор за мал гуштер кој успеал да влезе во нејзиниот дом незабележано со зелката која ја купила од продавницата.
Кога жената ги распакувала намирниците дома, имала што да види. Поради гуштерот кој ја изненади, таа го контактираше здружението за заштита на животните од Краков.
„Жената која ја купи зелката нè контактираше за гуштерот и побара помош во оваа необична ситуација“, напишаа тие на Фејсбук и споделија фотографии од животното, кое оттогаш се вселило во нов дом. Грижата за гуштерот ја презема претседателката на здружението за заштита на животните.