П.К.(60) е убиен синоќа во напад на телевизиската станица Топ чанел во Тирана, Албанија.
Непознати лица упаднале во зградата на телевизијата и испукале рафали од автоматско оружје. Најмалку еден куршум го погодил обезбедувачот П.К., кој набрзо починал од повредите.
Инцидентот се случил во моментот кога во зградата на телевизијата се снимало реалното шоу Големиот Брат.
На видеото се гледа како учесниците во реалното шоу слушаат истрели, но во ниту еден момент не помислуваат дека во зградата влегле вооружени напаѓачи.
„Што е ова, калаш?“, се слуша како еден од учесниците го прашува другиот, но речиси незаинтересирано.
Несвесни што се случува надвор, учесниците продолжиле со снимањето.