Таткото на Јана за ТВ Сител: Да си го гледаш детето како ти умира пред очи, не знам дали ќе ја заборавам таа слика

„Како што гледав преку стаклата на мониторот за ЕКГ, беше само линија“, низ солзи изјави за Сител, таткото на малата Јана, девојчето кое почина во битолската болница.

„Пробаа со адреналин, не знам со што друго, ја масираа на градите, не знам дали ќе ја заборавам таа слика. Да си го гледаш детето како ти умира пред очи, а не може ништо да направиме“, вели Стојче.

Мајката Кристина и Стојче ги демантираат сите информации дека девојчето имало шеќерна или срцева болест, но и дека некој од нив имал било какво заболување.

Advertisements

Под слоганот „Правда за Јана“, утре од 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи протест поради смртта на шестгодишното девојче.

Организаторите на настанот во објавата порачуваат дека е доста од нефункционалност на здравствениот систем и дека на утрешниот протест граѓаните ќе бараат правда за Јана, оставки и реформи во здравството.