(ФОТО) Повредена ученичка во битолско училиште откако се урнал дел од таванот во тоалетот

Ученичка од битолското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ вчера околу 8.00 часот била повредена, откако врз неа паднал дел од таван.

Преку својот Фејсбук профил од Општина Битола информираат дека е формирана комисија која извршила увид во училиштето и било заклучено дека тоалетите биле реконструирани пред неколку години со донација.

Градоначалникот на општината, Тони Коњановски побара одговорност од директорката на училиштето, затоа што на состанокот на крајот на минатата година таа не побарала интервенција од општината.

Advertisements

„Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката“, се вели во објавата на општината.