Смртта на шестгодишната Јана, која на 22 март почина во битолската болница, ја разбранува јавноста, која во потрага по одговорност упати и серија критики кон лекарите. По тој повод, во одбрана на своите колеги, на својот Фејсбук профил се огласи д-р Ненад Лазаров.
„Не е фер со дрва и камења по цела лекарска фела, не е фер за многу пожртвувани и професионални, не е фер за сите што сме останале овде. И не сме ние „чесни исклучоци” туку мнозинство, само недоволен ни е бројот… Револтот фокусирајте си го кон политичарите кои го доведоа системот до ова дереџе, попатно нека ви кажат каде во таа Европа ради која не испокрадоа, се вработува партиски медицински персонал… Јас не сум убил никого! “, пишува Лазаров на својот Фејсбук профил.