Сезоната на јагоди започна, но следниот пат кога ќе ја ставите во уста ќе сакате да се уверите дека е добро измиена – особено откако ќе видите што има на нејзината површина.
На едно неодамнешно видео објавено на социјалната мрежа Твитер, парче јагода е ставено под микроскоп и одблиску се покажува што всушност има на површината од јагодите.
Бројни видови мали инсекти живеат на различни делови од јагодите, а некои поголеми инсекти дури и несат јајца во јагоди, боровинки и винова лоза. Крилестите вински мушички се размножуваат внатре во јагодата пред нивните ларви да исползат надвор.
Иако сите јагоди не содржат ларви, потврдено е дека забележаната крилеста винска мушичка всушност снесува јајца во јагодите. Ова може да предизвика појава на инсекти или ларви кога овошјето некое време се стави во мешавина од оцет и сол.
Are you having a good day today?
I’m sorry for ruining it by posting this video of a strawberry under a microscope. pic.twitter.com/xQKSG04OYK
— QENNY Southsider (@AKBrews) March 28, 2023
Гринот со две точки, кој може да живее и на други растенија, сака да извлекува хранливи материи од лисјата на растенијата во близина на земјата, оштетувајќи ги и оставајќи ги со бронзена нијанса. Иако не е сигурно дали снимката е промената, на Јутјуб има неколку видеа на кои исто така се гледаат инсекти.
Сепак, не заборавајте добро да го измиете овошјето пред јадење и бидете сигурни дека тие мали инсекти не се штетни.