Почина поранешниот светски шампион чиј живот го одбележа една од најголемите спортски неправди

Кен Бјукенан, еден од најдобрите европски боксери на сите времиња и поранешен светски шампион, почина на 77-годишна возраст.

Бјукенан боксуваше 69 пати во кариерата, од кои 61 победи, а славеше со 27 нокаути. Големиот борец од Шкотска се искачи на светскиот врв во 1970 година победувајќи го Исмаел Лагуна од Панама.

Потоа, една година подоцна, тој ги освои титулите на ВБА и ВБЦ победувајќи го Рубен Наваро.

Advertisements

Сепак, во наредниот период следеше контраверзен скандал.

Најпрво му беше одземена титулата, а потоа во борба против Роберто Дуран, еден од најдобрите боксери од Централна и Јужна Америка, доби удар со колено во меѓуножјето, поради што имаше проблеми со тестисите во остатокот од својот живот, а што е уште поважно, на крајно неспортски начин остана без титулата светски првак.

Дуран потоа двапати одби повторно да се бори со Бјукенан и покрај потпишаниот договор, кој е окарактеризиран како една од најголемите контроверзи во историјата на боксот.

Кариерата ја заврши во 1978 година.

Причината за смртта не е откриена.