Сообраќајната несреќа во која учествуваа три возила, а во која загинаа седум лица, од кои шест изгореа, се случи на обиколницата кај Бад Лангенсалце во централна Германија.
По верижен судир, два автомобили удриле во оградата на патот и се запалиле, по што изгореа шест лица, а загина и едно лице од третиот автомобил. Во несреќата се повредени уште три лица, од кои две потешко.
Германската полиција денеска соопшти дека меѓу загинатите има пет 19-годишници – тројца млади момчиња и две девојки, чиј автомобил се запалил по верижен судар. Во несреќата учествувале БМВ, Фолксваген и Мерцедес, пишува Телеграф.
Според информациите, 45-годишниот возач на БМВ излетал на спротивната лента на обиколницата и се судрил со Мерцедес во кој имало пет млади лица, а потоа се судрил со возило Фолксваген Кеди, во кое бил 60-годишен маж, кој загинал. Неговата сопатничка (73) некако излегла од запаленото возило, но со тешки повреди била пренесена во болница.
Загинал и сопатник од БМВ-то, 44-годишен маж, додека две лица, со тешки телесни повреди се пренесени во болница.