Бислимовски: Цената на струјата за малите потрошувачи ќе се намали, но ДДВ-то ќе се зголеми на 10%

Цената на струјата за малите потрошувачи, и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали. Ова го изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, притоа тој потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5% на 10%.

„Кога ги носевме одлуките, ги земавме во предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите, особено домаќинствата и факт е дека во последно време штедат“, рече Бислимовски.

Advertisements

Тој информираше дека вкупната цена на малите потрошувачи од 1. јануари ќе се намали за 20,15%.

„Оваа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата, компании кои се соочуваа со зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се мали дуќани, фризерници, берберници, мали кафулиња, компании кои им треба оваа помош“, рече Бислимовски.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика информираше дека кај домаќинствата, цената на електрична енергија за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за 2,95%, цената на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85% и за четвртиот блок цената се зголемува за 7,65%.

„99,2% од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат домаќинствата да штедат, многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за струја. Тоа се конкретни мерки“, рече Бислимовски.

Тој истакна дека со новите одуки компаниите кои се на слободен пазар ќе добијат намалување на цената за електрична енергија за 20%.

„Со овие наши одлуки, цената за пренос на електрична енергија се намалува за 8,66%, цената за дистрибуција за 19,54%. Тоа е дополнителна помош за компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, затоа што нивните трошоци за мрежарина и вклучување се намалуваат за 20%“, рече Бислимовски.