Индустриското производство намалено

Индексот на индустриското производство во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 98.7, односно бележи пад од 1,3 отсто. Додека пак во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, идексот изнесува 99.7, односно индустриското производство се има намалено за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 2.3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се бележи пораст од 11.6 отсто.

Advertisements

Од ДЗС појаснуваат дека намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1 отсто, Капитални производи за 0.8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9 отсто, додека пораст бележи кај Енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 отсто.