Голема драма се случила во гостиварско, откако мајка пријавила во полиција дека нејзината 15-годишна ќерка била насилно однесена од непознати лица.
Според информациите од СВР Тетово, во Полициската станица Гостивар, 50-годишна жена од селото Чегране пријавила дека три непознати лица со патничко возило насилно ја земале нејзината малолетна ќерка од дворот на семејната куќа и заминале во непознат правец.
Полицијата информира дека веднаш се преземени интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 15-годишното девојче, како и за целосно расчистување на околностите на случајот.
Истрагата е во тек, а надлежните работат на утврдување на сите детали поврзани со пријавата.


