Поради кучешки измет уби млад брачен пар: Морничаво злосторство ја шокира јавноста

Седумдесет и шестгодишен маж од Далас е прогласен за виновен за тешко двојно убиство, откако минатата година ги усмртил своите соседи по повеќемесечен конфликт поврзан со нивното куче.

Според пресудата, Чанг Ким на 4 февруари смртно ја застрелал 31-годишната Мишел Џексон додека се наоѓала на балконот над неговиот стан. Потоа се упатил кон нејзиниот стан, каде со огнено оружје го убил и нејзиниот партнер, 31-годишниот Џејми Стафорд.

Судските документи покажуваат дека расправиите меѓу соседите траеле со месеци. Кучето на младиот пар вршело нужда на нивниот балкон, а при чистењето, урината и изметот се слевале кон балконот на Ким, што предизвикувало постојани конфликти.

По апсењето, Ким изјавил дека Стафорд го застрелал во самоодбрана, додека за убиството на Џексон тврдел дека не се сеќава, наведувајќи дека во тој момент доживеал „помрачување на свеста“.

По изрекувањето на пресудата, на Ким му се заканува доживотен затвор без можност за условно ослободување.