(Фото) Сите бевме вљубени во нејзината коса – почина жената што ги направи најубавите реклами на Лореал

На 57-годишна возраст почина Татјана Патиц, супермоделот на славната петорка Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон.

Веста за смртта ја потврдил нејзиниот агент, а засега нема информации за причината.

Advertisements

Татјана беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата за најмистериозен модел.

 

 

Имено, таа одлучи да се повлече од јавноста за да се посвети на семејниот живот, па ги презираше деновите на својата најголема слава. Сепак, таа се занимаваше со манекенство до 2019 година, кога чекореше на пистата за брендот „Етро“ во Милано. Многумина ќе ја паметат од спотот на Џорџ Мајкл за песната „Freedom“.

И секако Tатјана беше жената што сите ќе ја паметиме по свиленкастата преубава коса на рекламите на Лореал.

Патиц во својата кариера соработуваше со најголемите имиња на модната сцена како Шанел, Версаче, Валентино, Карл Лагерфелд и Вивиен Вествуд.