Жените искршија нозе по убавецот Ченинг Тејтум, а тој не сака ни да чуе за женидба

Во новото интервју за „Венити фер“, актерот Ченинг Тејтум кој се разведе од актерката Џена Деван, со која беше во брак девет години објасни зошто направил таков чекор.

„Долго време се боревме за љубовта иако и двајцата бевме свесни дека на некој начин веќе сме разделени“, рече тој наведувајќи дека разликите меѓу нив биле многу големи.

Advertisements

Ченинг е во врска со актерката Зои од 2021 година откако почнаа да работат заедно на нејзиниот филм.

И покрај оваа нова врска, Ченинг, кој исто беше во врска со пејачката Џеси Џеј, изјави:

„Не знам дали некогаш повторно ќе се оженам. Врските се тешки“.

„Во бизнисот навистина не се плашам дека нешто ќе биде уништено, но кога станува збор за луѓето што ги сакам, многу ми е тешко. Секогаш се трудам премногу“, рече актерот.