„Бирократи не му даваат 4.000 денари за нега на пациент со Алцхајмерова болест – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук сподели потресна приказна објавена во порталот МКД.мк за која тој вели дека граѓанин кој боледува од Алцхајмерова болест не може да ги добие парите за нега кои законски му следуваат поради бирократи во ресорот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„Додека Ковачевски се занимава со висока политика и саеми за „еднакви можности” и трча да и одоброволи на Бугарија, додека Ахмети си потпевнува песни во кабинетот, на народот му се плаче. Болен човек од Алцхајмер не може да стигне до своите 4000 денари што со закон му следуваат, затоа што не е одоброволена некаква комисија. И за министерката за труд и социјална политика и за сите тие бирократи кои си поигруваат со народот, треба да знаете дека ќе дојде часот кога ќе одговарате!“, реагира Мицкоски.

Advertisements