Пронајден мртов маж во центарот на Скопје

На 30.01.2023 во 22.33 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ бил пронајден починат З.М.(64) од Скопје, соопштуваат од МВР.

Од МВР посочуваат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.