Фрчкоски на отчет во МНР – како ги трошел парите од службената картичка и за имотот од сукцесијата

Министерството за надворешни работи потврдило дека Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во Њујорк во Организацијата на обединетите нации е повикан на консултации во Скопје, јави Телма.

Како што јавува телевизијата, Фрчкоски е повикан на консултации поради проверка на повеќе наводи за прекршување на правилата на работа и поради проверка на сомнежи за злоупотреба.

Advertisements

Според се уште не потврдени информации наводно Фрчкоски направил злоупотреба на службената картичка за авионски билети без почитување на пропишаните процедури во МНР како и поради тоа што амбасадорот во светската организација не ги почитувал и препораките од претходниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Порталот МКД објави и дека  Фрчкоски е повикан да се врати во Скопје и затоа што немало евиденција на парите од продажбата на имотот кој со сукцесија на поранешна Југославија е доделен на Македонија.

Станува збор за имот кој е на територија на САД.

Фрчкоски е трет амбасадор кој по промената на власта е повикан на консултации, по амбасадорите во Рим и Тирана.