Како до поевтин интернет и кабелска? – Николоски најавува трет мобилен оператор

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски информира дека сериозно ја разгледуваат можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор во земјава.

Николоски оваа информација ја објави на Фејсбук и вели дека анализата која ја направиле покажала дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји.

Advertisements

„На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните.“, вели Николоски.