Ѓорчев: Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија

Во моментот, сега, денес од Македонија се случува невидено иселување. Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија, порача на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во првото полугодие на оваа учебна година испишани се 150 дена од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово заминати се над 200 ученици. Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително“, истакна Ѓорчев.

Advertisements

Ѓорчев нагласи дека „ова се новите деца бегалци“ во историјата на Македонија, при што како прични за иселувањето посочи кон „катастрофалните политики на Зоран Заев, Таче Ковачевски и Стево Пендаровски“.

„Македонија мора да најде сила да ги победи овие политики. Народот мора да ги победи овие политики кои што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија. Македонија мора да застане на нозе. Македонија мора да води исправна политика и Македонија треба да си ги чува децата таму каде што им е местото“,  рече Ѓорчев.