Група од 12 лица нападна дете на кејот на Вардар

На 23.02.2023 во 21:20 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Џ.(19), Ј.М.(18) и 10 малолетници, сите од Скопје, затоа што околу 21:05 часот на кеј на река Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, физички нападнале малолетник од Скопје.

При нападот употребиле тврди и остри предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisements