Младиот Кристијан Нинески од наслебата Козле го фати светиот крст од осветените води на реката Вардар во Скопје, под мостот Слобода.
Помеѓу 130 верници кој скокаа во Вардар и се обидоа да го фатат крстот, Нинески беше, как=ко што архиепископот г.г.Стефан го нарече момчето – „херој кој го извади крстот“.
„Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле“, рече архиепископот г.г.Стефан.
Advertisements
Ниниески претходно во два наврати го фаќаше крстот, во 2019 и 2020 година.