Матео жив и здрав се врати дома, чека термин за контрола во Белград – градоначалникот Стефковски објави преубави вести

Малиот Матео жив и здрав се врати дома, објави на Фејсбук градоначалникот Бобан Стефковски кој им се заблагодари на сите хумани граѓани кои донираа за негово лекување.

„Среќен сум што можам да споделам со Вас дека Матео е во добра здравствена состојба и го чека терминот за редовна контрола во болницата во Белград.

Advertisements

Матео е едно прекрасно дете кое утрово имав можност лично да го запознаам.

Ова е една од средбите кои ќе ги паметам целиот мој живот!

Им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа и за миг ги собравме потребните средства за лекувањето на Матео“, вели Стефковски.