Мицкоски: Очекувам социјален бунт и немири, незадоволството е големо

Очекувам социјален бунт и немири, бидејќи незадоволството е големо, животот е тежок и станува се потежок да се преживее, за квалитет на живот веќе никој не зборува, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишно интервју за Вечер, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува социјални тензии како резултат на економските и социјалните состојби во државата.

„Ние го мериме јавното мислење. Можам со жалење да констатирам дека во моментот бројките кои ги добиваме се во насока на тоа дека нема помеѓу народот критична маса за ваков тип на протести кои вие ги кажувате и исто така како дополнително прашање кое го мериме секој месец кој да ги предводи тие протести доколку евентуално би се случиле, логично е опозицијата да ги предводи“,  вели Мицкоски како втор дел од својот одговор на новинарското прашање.

Advertisements

Тој посочува дека на мал дел од народот е подготвен да излезе на протести кои би биле предводени од опозицијата.

„Тој процент кај народот е уште помал дека би излегле на такви протести ако опозицијата ги организира, тие бројки се многу мали кога велам многу мали зборуваме за 10, 15 проценти од граѓаните кои би поддржале таков тип на протести кои би ги организирала опозицијата или би ги предводела.

Затоа веднаш не сакав да дадам прецизен одговор на ова ваше прашање, но веќе кога инсистирате еве, тоа е. Сакам да се случат од една страна и подготвен сум да застанам во првите редови, да предводам едни такви протести се до паѓање на оваа Влада, но за жал ценам дека во овој момент бројките се на ниво кое не гарантира масовност, а доколку немате масовност тоа може да биде злоупотребено од оваа криминална Влада и да каже гледате нема масовност на протестите значи добро тераме и да продолжат уште полошо да прават“, вели Мицкоски.