Министерството за внатрешни работи вечерва потврди, како што објавивме претходно, дека се случило двојното убиство во Старата скопска чаршија.
„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Advertisements