Не знаел дека во ќесата има пари – судијата Наќе Георгиев тврди дека бил наместен за поткупот

Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен дека зел 10 илајди евра поткуп тврди дека е невин, јавува Сител.

Тој денеска пред Апелацискиот суд изјави дека бил наместен од синот на поранешниот градоначалник на Ново село.

Advertisements

Судијата рече дека бил следен и прогонуван од синот на поранешниот градоначалник Боро Стојчев познат како Боро Малборо. Му ѕвонел на телефон, доаѓал пред врата и нудел се неговиот татко да добие поблага казна..

„Арогантен, вртел со колата околу куќата, ја снимал, ги вадел од контекст разговорите со нова технологија. Секој можат да наместат. Секој што ќе изгуби предмет може да оди во полиција да те пријави дека е он оштетен. Не е тој, Јас сум оштетен“, говореше Георгиев во судницата на Апелационен суд.

Врховниот судија беше уапсен на 20 мај на паркинг пред трговски центар во Скопје каде според обвинителството во тој момент го земал поткупот.

Георгиев пак вели не знаел што има во ќесата.. Дека се пари дознал од медиумите.. Бил само повикан од синот на екс градоначалникот да дојде на паркингот.