(ВИДЕО) Папата ги прекори заљубените во богатство и моќ

Во својата беседа на Бадник, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ги прекори оние кои се заљубени во богатството и моќта на сметка на ранливите и децата, ги осуди војната, сиромаштијата и алчниот консумеризам и потсети дека Исус е роден во штала.

На вечерната миса што ја водеше во базиликата Свети Петар во Ватикан присуствуваа околу 7.000 верници, меѓу кои и туристи и аџии кои го зазедоа своето место зад редовите на понтифите во бела облека.

Advertisements

Франциско нашол инспирација за божиќните прповеди во скромноста на првите часови од животот на Исус во јаслите.

„Додека животните се хранат во своите штали, мажите и жените во нашиот свет, во нивната глад за богатство и моќ, ги голтаат дури и своите соседи, нивните браќа и сестри“, рече тој.

„Колку војни видовме! И на колку места и денес со презир се третира човечкото достоинство и слобода! Како и секогаш, главните жртви на оваа човечка алчност се слабите и ранливите“, рече Франциско.

Тој додаде дека и овој Божиќ светот кој е гладен за пари, моќ и задоволство не остава простор за голем број мали, сиромашни и заборавени деца.

„Не дозволувајте да ве совладаат стравот, резигнацијата или обесхрабрувањето. Раѓањето на Исус во јасли покажува каде може да се најде вистинското богатство во животот: не во пари и моќ, туку во односи и луѓе“, рече тој.