Несреќа во зграда ги потресе жителите на Ѓорче Петров – дете паднало од стан на улицата Лука Геров

Дете на возраст од 12 години вчера паднало од стан на улицата „Лука Геров“ во Скопје.

Овој немил настан, како што информира полицијата бил пријавен во 17.13 часот од страна на мајката.

Advertisements

Според пријавеното, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.