„Огнените“ од ДУИ: Груби и Османи имаат најслаби резултати, бараме одговорност за неефикасното работење

Членовите на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Изет Меџити, Саранда Имери, Блерим Беџети, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта и други, денеска на прес-конференција повторно го искажаа своето незадоволство од работата на Артан Групи и Бујар Османи, оценувајќи ги нивните резултати како најслаби во Владата.

„Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа се обраќаме директно на членството преку медиумите. Од владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ“, рече Меџити.

Advertisements

Според Меџити, донесувањето одлуки во партијата стана ексклузивна привилегија за Артан Груби. Според него ова ова не оди само на штета на ДУИ, туку и на штета на државата.

„Тоа предизвика поделби во партиските тела. Вие сте „за“ реформа, но не и за неотуѓување на партијата. Се работи за членството на ДУИ. Ќе ги користиме сите демократски средства, ќе одиме тет а тет со членовите да видиме што велат тие“, рече Меџити.

Како што вели, нема дилеми дека Али Ахмети треба да остане како лидер на партијата.

„Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат. Се што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија или добар закон во Собрание, јас ќе го гласам, а она што не е добро нема да го гласам“, изјави Меџити.