(Видео) Јетон Шаќири е министер за уништување на образованието – реакција на Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците реагира на како што велат скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, откако на виделина излезе лекција во учебник по албански јазик за петто одделение во која учениците учат како правилно да ги пишуваат датумите и скратениците на земји или организации. Така во учебник се најде и кратенката за политичката партија ДУИ – Демократска унија за интеграција.

Тоа предизвика многу коментари и реакции на социјалните мрежи, а на тапет беше ставено и Министерството за образование од каде што нема официјално објаснување како дошло до ваква политизација на учебник за основци.

Според опозициската Алијанса за Албанците станува збор за „срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија“.

Advertisements

„Што се однесува до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, тоа го кажавме многу порано и денеска тој потврдува дека е министер за уништување на образованието. Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието“, реагира Алијанса на прес конференција.