Почина бизнисменот Чедо Радомировиќ, со тешки повреди на главата беше пренесен во болница

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ Чедо Радомировиќ починал во болница откако доцна вечерва со повреди на главата бил пронајден покрај автомобил кај селото Орман, јави ТВ21.

Според информациите на телевизијата, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман, општина Ѓорче Петров во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Полицијата е на терен и врши увид во моментов.

Се испитува дали станува збор за  убиство или самоубиство.