Се обидел да прошверцува два тона месо, немал ни документ дека е исправно

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата.

Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото.

Advertisements

Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава од Грција.

Во товарното возило со грчки регистарски ознаки, со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки.

Заради извршување на детален преглед, возилото било пренесено во царински склад, каде, по отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11 илјади евра.

По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело криумчарење на стока.