Битолските пожарникари вчера извлекувале паднат човек во реката Драгор, но нема информации дали инцидентот е поврзан со невремето.
„Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола од 18.45 до 19.35 часот, со четири пожарникари и едно ПП возило интервенирале на извлекување паднат човек во река Драгор кај месноста „Сали Мост“,информира Центарот за управување со кризи.
Паднатото лице, како што соопшти утрово ЦУК, не било повредено.
Пожарникари интервенирале на испумпување на вода и во околината на Охрид.