Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени противпожарни возила, неупотреблива техника за справување со пожари и без пилоти за канадерите. Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна, предупредува Левица.
„Дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува кон овие скромни ресурси за борба против пожари е недостатокот на пилоти за трите канадери кои беа на одржување во Шпанија. Од тројцата пилоти за канадерите, останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање.
Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво!
Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35.6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера.
Затоа, Левица бара итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари! Дополнително бараме итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнување на потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност“, вели Левица.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
(ВИДЕО) Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, најкритично е во Јабланица, куќите се под вода
Тројца лекари загинаа во страотна сообраќајка на патот Прилеп - Битола
„Покажавме дека може да се работи без скандали“ - Мицкоски задоволен од првите 100 дена, н...
Во гаснење на пожарот во Чаир вклучено е и специјално армиско возило
Граѓаните ќе може на референдум да одземаат градоначалнички мандат - Ѓорѓиевски најави зак...