Студентите со 22 амандмани ќе го подобруваат квалитетот на Законот за високо образование

Форумот за промени во образованието до Министерството за образование поднесе 22 амандмани на Законот за високо образование, јавува ТВ Алсат.

Како што рече претседателот на овој Форум, Бленди Ходаи, сегашниот закон за високо образование има илјадници недостатоци – во околу 190 членови што ги содржи, каде што само 15 од членовите се однесуваат на правата на студентите.

Advertisements

Меѓу поднесените и најважни амандмани, според Ходаи, e состаноците и средбите на Сенатот на државните и приватните универзитети да се пренесуваат во живо на мрежите што ги користат универзитетите.

„Изминатиов период оценивме дека најштетните одлуки за високото образование се носеле токму на овие состаноци, средби на Сенатот на универзитетите, а никој не бил информиран како гласале и какви ставови имале професорите кои се членови на Сенатот на универзитетот, додека тие покрај платата како професори, добиваат и други надоместоци бидејќи се членови на Сенатот, надоместоци што ги плаќаат даночните обврзници, граѓаните и студентите. Затоа, треба граѓаните и студентите да се информираат кој професор за што се залага на тие состаноци на Сенатот“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.

Исто така, преку амандмани од Форумот за промени во образованието бараат сите професори да ги објавата своите биографии на веб-страницата на универзитетот.

Фото: Мета