Утре без вода и струја неколку улици во Скопје – проверете дали сте на листата

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Сопиште и дел од улица Скупи од Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација, пак соопштуваат дека без вода ќе останат неколку улици во Центар.

-Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 18.03.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат: од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од село Држилово (Општина Сопиште), соопшти ЦУК, по добиено известување од ЕВН.

КАРПОШ од 08:30 до 14:00 часот,  со прекин ќе се соочат дел од жителите на улицата Скупи “(КАЈ КРУЖЕН ТЕК, СТОП ЕНД ГО, МУЛТИБРЕНД), и улица Калош Дани

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф 80 мм на ул. Мирослав Крлежа бр. 53, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Мирослав Крлежа, Дебарца и Отон Жупанчич (Општина Центар).

-Поради менување на вентил во шахта на ул. Македонија бр. 10, од 10:00 часот до завршување работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Македонија на потегот од ул. Димитрие Чуповски до ул. Даме Груев. (Општина Центар), додаваат од ЦУК, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација.

Advertisements