Делови од Скопје утре без струја, прекини до 14 часот

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (24 март 2026) без струја ќе останат корисници во следните скопски општини и населени места:

Општина Карпош:

Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел на улица Алжирска ќе бидат без напојување.

Општина Сопиште (Долно Соње):

Од 09:00 до 12:00 часот, прекин ќе има на улица бр. 8.
Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе биде и дел од улица бр. 12.