Тензиите на Косово не стивнуваат: КФОР го зголеми присуството на Јариње поради безбедносни причини

КФОР соопшти дека го зголемиле присуството на административниот премин Јариње, помеѓу Косово и Србија, од превентивни безбедносни причини.

Од мисијата посочуваат дека засилувањето на војниците било извршено поради можното присуство, како што се наведува, на криминални групи меѓу демонстрантите.

Во близина на административниот премин Јариње, на страната на централна Србија, денеска се одржа собир на десничарски организации со цел, како што наведоа, „да се деблокира преминот за Србите од Косово и Метохија“.

Advertisements

Како што јави агенцијата Срна, учесниците на протестот биле дојдени од централна Србија, Црна Гора и Република Српска.

Припадниците на КФОР истегнаа бодликава жица зад административната линија, на косовската страна, додека на страната на централна Србија беше формиран српски полициски кордон, кој ги спречи демонстрантите да стигнат до самиот административен премин.